Македонските работници ја принудија владата на отстапки

This is the Macedonian translation of Macedonian workers force government to back down by Fred Weston. (May 30, 2002)

Работниците од Македонија уште еднаш покажаа дека до суштинска победа се стигнува само со борба. Штрајкот на 80 000 работници од јавниот сектор кој започна минатата недела ја принуди владата на отстапки.

Вчера, премиерот Љупчо Георгиевски и лидерот на ССМ, Ванчо Муратовски, потпишаа договор за најниска плата. Така, најниската плата во јавниот сектор ќе биде 5060 денари (околу 83 евра). Првичното барање на ССМ беше 120 евра. Владата нудеше само 50 евра. Постигната е делумна победа за работниците. А тоа немаше да биде можно без големиот штрајк, кој ја парализираше работата во јавните установи повеќе од седмица.

Георгиевски се фали дека тоа било постигнато затоа што владата можела да ги зголеми фондовите, благодарејќи на воздржливата програма и нејзините „прочуени финансиски сметки“. Да беше така зошто беа потребни десет години да се склучи ваков договор? Вистината е дека владата намерно ги развлекува овие проблеми, се додека трпеливоста на работниците не зоврие. Работниците сега ја научија драгоцената лекција. Не може да и веруваш на владата. Само кога работниците дејствуваат одлучно, тие можат да постигнат се.

Факт е дека владта ги направи овие отстапки за да добие на време. Тие се под постојан притисок на ММФ да го држат буџетот стегнат. Како дел од „планот за економска обнова“ владата ги прифати стриктните одредби, дадени од ММФ.

И покрај хвалоспевот на Георгиевски, предвидувањата за 2002 се дека повторно ќе има буџетски дефицит. Се обидува, владата, да добие 173 милиони долари од ММФ да го покрие овој дефицит.

Под притисок на работниците, владата мораше да ја одбие имплементцијата на барањата на ММФ. ММФ бараше да нема отстапки кога се во прашање платите. Но класната борба е помоќна од било кој меѓународен банкар! Доколку Георгиевски не ги направеше отстапките, движењето најверојатно ќе се пренесеше и во целото стопанство и тогаш ќе требаше да се соочи со крајно опасната ситуација за него и неговата влада. Тој го одбра „помалото зло“. Но, токму заради ова мора да разбереме дека ова се мерки да се вратат работниците на работа. Владата, подоцна, ќе се обиде да го земе она што го дала.

ММФ веќе одлучи да суспендира дел од отплатата на помошта за Македонија. Тоа е нивен начин да је притиснат владата да се врати во офанзивата против работниците.

Постојат и други проблеми за работничката класа. Посебно се истакнува прашањето на 40 „загубари“ кои вработуваат 37 илјади работници. ММФ договорил со владата за секоја од фирмите кога се затвора, да се добие одредена сума на пари. Тоа е она што го нудат: мизерна исплата за отпуштање на работници.

ФЕСАЛ аранжманот е склучен за затворање на 24 вакви „загубари“. Ама, сите аранжмани слични на ФЕСАЛ до сега пропаднаа. Претходниот за исплата на 75 милиони долари во замена за затворање на 12 најголеми „загубари“ пропадна.

Тоа што ММФ и владата не постигнаа договор за оваа финанскиска година, покажува дека спогодбата за најниска плата не е довршена. Работниците повторно ќе мораат да се борат за постигнување на нивните цели. Просечната плата во Македонија е 8 400 денари (околу 120 долари). Тоа не е доволно работниците да имаат пристоен животен стандард. Проблемот на работниците во таканаречените загубари не е решен. Исто така работниците од приватниот сектор немаат постигнато минималец.

Така, влада е под притисок од две страни. На едната се македонските работници кои притискаат за подобрување на нивните животни услови, а на другата страна капиталистите, банкарите и империјалистите притискајќи кон подлабоки резови во здравството, работата, платите и пензиите. Тоа е рецепт за нови бранови на работничка борба во иднината. Фактот што работниците овој пат ја принудија владата на отстапки, им ја покажа нивната сопствена сила. Врз основа на новата доверба, работниците ќе постават нови барања.

И на крајот работниците од Македонија ќе научат, со горчливо искуство, дека „пазарната економија“, те капитализмот, не нуди ништо освен ниски плати, невработеност, рушење на нивната благосостојба и општа мизерија. Тие, сепак, ќе извлечат заклучок дека она што не чини е економскиот систем. Со животното искуство на стариот тнр. „социјалистички“ систем, нивната претпазливост нема да дозволи да се врати бирократијата. Но, тие ќе бидат принудени да заклучат дека планската економија контролирана од државата е единствениот вистински излез. Секако дека ова стопанство мора да биде ставено под цврста контрола на самите работници, преку демократско-избрани тела.

Доколку ова не се постигне, кризата со која е соочена македонската економија може да ги врати ужасните страшила на етнички конфликти, кои се сеуште присутни, клокотејќи под површина. Дали си Албанец или Македонец, ако си невработен ти си невработен. На основа на заедничките економски и социјални проблеми, работниците можат да се обединат во едно движење. Доколку, проблемиве не се решат, тогаш чудовиштето на етничко секташтво ќе се вратат. Господата од ММФ и нивните локални слуги, како Георгиевски, само се во потрага кон зголемување на профитот за привилегирната елита. Работниците мораат да им покажат дека постои и друг пат.