Macedonian

Стотици илјади излегоа на улиците на Германија оваа недела да демонстрираат против реакционерната Алтернатива за Германија (АфД). Ова беше испровоцирано од неодамнешното откритие на либералниот медиум КОРЕКТИВ, дека политичари од АфД, десничарски екстремисти и водечки бизнисмени тајно се сретнале во хотел во близина на Потсдам да разговараат за масовно депортирање на мигрантите од Германија.

ЦОП28, што се оддржа во Обединетите Арапски Емирати, коja е клучна  економија на  нафта и гас водена од Султанот Ал Јабер кој е извршен директор на националната компанија за нафта Аднок, од првиот ден започна со иронија. . „Дали е ова шега“? можеби ќе си помислите, а околу вас загаденоста на воздухот се покачува. Темата воопшто не е комична и токму ова е најдоброто што може да го понуди владеачката класа кога треба да се „бориме со климатските промени“.

Вчерашниот напад на Хамас врз Израел (сабота, 7 октомври) беше шокантен, изненадувајќи ги израелските разузнавачки сили и воениот естаблишмент, меѓутоа не треба да бидеме воопшто изненадени. Тоа е директна последица на засилената репресија врз Палестинците промовирана од Нетанјаху, кој ја предводи најдесничарската реакционерна влада во историјата на Израел.

Резултатите од изборите во Грција, што се одржаа на 21 мај, донесоа победа за традиционалната партија на грчката владејачка класа, Нова Демократија, а поразителен пад на СИРИЗА, главната левичарска партија од последнава декада.

На денешен ден пред точно 12 месеци руските тенкови ја преминаа границата во Украина. Годишнината од тој настан не помина незабележано. Навистина, зазема многу часови на телевизија и исто толку колумни на страниците на весниците.

Изутрината понеделник, на 6 февруари, разорен земјотрес го стресе Блискиот Исток, тлото се расцепи и зградите се претворија во урнатини. Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени по Рихтеровата скала и епицентар нешто малку западно од Газиантеп, во анадолскиот регион во Турција, е најсилниот земјотрес што ја погодил земјата во поново време. Со јачина на 130 атомски бомби се почуствува дури до Гренланд.

Извршниот одбор на Блекрок во мај 2022 објави дека „руската инвазија на Украина стави крај на глобализацијата што ја имавме последниве триесет години“. И тој беше во право. Војната во Украина ги заостри конфликтите што се крчкаа меѓу големите сили некое време.

Уредувачкиот одбор на marxist.com е пресреќен што може да објави пуштање на серија на нов, седмичен поткаст од новата година. Спремете се за International Marxist Radio, официјален поткаст на ИМТ, за најдобри револуционерни вести, теорија и анализа. Тука за претплата на Спотифај и ...

Мобилизациите против државниот удар против претседателот Педро Кастиљо во Перу ја притиснаа владата на узурпаторот Дина Болуарте со 14 од 24 области под масовни демонстрации, штрајкови и блокада на патиштата.

Нуриел Рубини е интересен и несекојдневен буржоаски економист. Неговото главно тврдење по кои се прослави е тоа дека правилно ја предвиде финансиската криза во 2008 година, подвиг што не им се допадна на повеќето други економисти, кои не предвидоа апсолутно ништо. 

Постојат многу митови околу Ленин и болшевиците – особено во врска со потеклото на револуционерната партија во Русија. Роб Сивел го испитува важното поглавје од историјата на болшевизмот и нуди лекции за марксистите денес.

Уште една бомба без преседан го потресе веќе поларизираниот свет на американската политика и класната борба. Протечениот внатрешен меморандум подготвен од судијата на Врховниот суд Семјуел Алито, ја опишува основата за судско поништување на Роу против Вејд, историската одлука од 1973 година која пресуди дека Уставот на САД ја штити слободата на бремените жени да направат абортус без прекумерни владини ограничувања. Сега, како дел од циничното маневрирање на еден сегмент од владејачката класа за пренасочување на класната борба во таканаречената „војна на културите“, она што би требало да биде основно демократско право преку ноќ се фрла во отпад.

Во прилог се новости за ситуацијата во Украина напишани од Алан Вудс (уредник на marxist.com). Од почетокот на руската инвазија грст пропаганда се напумпа во Западните медиуми со кои се предизвика длабока хистерија, а сега весниците говорат и за опасност од Трета светска војна. 

Прва жртва на војната е вистината. Ова е точно и во случај со воената руска интервенција во Украина. Марксистите треба да се способни да се пробијат низ маглата од лаги и воена пропаганда и да ги анализираат вистинските причини позади конфликтот; што го предизвика и кои се вистинските интереси што лежат позади правдањето на вклучените различни страни. Над се, мораме тоа да го направиме од гледна точка на интересите на светската работничка класа.

На светско ниво моментално околу 800 милиони луѓе се борат со недостиг на храна, а околу 45 милиони се на работ на изгладнување. Ова се ужасни податоци во општество каде најбогатите заработиле околу 4000 милијарди долари само во првата година од глобалната пандемија.

Page 1 of 2